Често се прашував за дефиниција и конечно открив точно шо е како е, и од ко открив уше појче страв ме вати колку тоа многу се накотиле СЕЉАЦИВЕ. За да биди појасно првин да ги дефинираме терминиве.
СЕЛАНЕЦ – човек што потекнува од село.
СЕЉАК – карактерна особина.
За првиве нормално кој од каде си потекнува ништо лошо во тоа, али овие вториве погнасни створења ако имало некогаш или дека ќе има не верувам.
Кои се најистакнати карактеристики:
- Лижачи (знаат каде да излижат и она што треба го лижат и она што не треба само да го добијат она што го сакаат и да бидат воедно забележани или присутни онаму каде што не треба да се).
- Гнаси (толку многу изгнасени по душа и по однесување шо едноставно секоја помисла им е како да заебат некој, а не како да му помогнат на некој, а сето тоа од завист зошто уствари тие не се на нивно место).
- Клошари (5 банки вџеб и цигари на парче, плус 24 саати на Facebook и се трудат да прелажат некое помало чупенце колку се тие добри колку се екстра се со цел да го легнат, и нормално се поставува прашањето: Зошто тоа треба да биде помало од нив? Одоговорот е едноставен: Оти од нивната генерација ги познаваат какви гнаси се (во контекст на вотрата карактеристика) и неможат кутрите таму ништо да направат. И нормално да се фалат сношти бев со 17ка, 18ка или 19ка, термин за 17 годишна, 18 годишна итн итн. А уствари на кого се фалат т.е. лажат. Самите меѓу себе.)
- Шпиуни (Најопасната карактеристика за која уствари мора да поминат и посебна академија за таму кај што треба да шпиунираат, да бидат спремни да дознаат за некого нешто, па дури и за главаторот „СЕЉАЧИШТЕ“ ќе се отепаат од гомна јадење само да извлечат од кај некого нешто за да можат да си купат поени кај истиот).
- Слабаци (Нормално ем се сами ем ќе се најди некој главатар „СЕЉАЧИШТЕ“ кој си ги прибира околу него, им дава заштита, а уствари не се ни свесни колку тој добива што ги има под контрола, а овие кутрите цело време се однесуваат вака само за да добијат едно бедно сепаре во некој ноќен клуб, или за да ги пуштат на врата).
- Лицемери (Нормално да можат да ги задоволат погоре наведените критериуми, мораат да бидат и лицемери. Да си ставаат маска, да бидат она што не се, само за да бидат забележани во околината во која УСЛОВНО се движат. Пошо мислат дека се некој фактор, а уствари не се. Се надеваат дека така маскирани ќе бидат прифатени од околината и нормално посакани, но не трае ова долго, маските ќе паднат и ќе се види СЕЉАЧКОТО во нив).
Морав ова да го напишам пошо некако чуствувам дека се повеќе и повеќе се котат СЕЉАЦИВЕ, а никако нешо превентивно да преземиме, а лек пак сеуште нема од нив.
Можеби некој ќе се препознај во карактеристикиве, јали како СЕЉАК, јали како СЕЉАЧИШТЕ, но уствари повеќето овај текст и за нив го пишувам, евентуално ако се препознаат слободно да се потрудат ги искоренат овие карактеристики оти кажано по прилепски ОД НИВ ЛУЈЏЕ НЕ БИВА.